Инфлуенсерки од пелени – Преслатко и модерно или реализација на неостварените соништа на мајките (ФОТО)

Родителите им отвораат на децата јавни профили на некоја од социјалните мрежи, а потоа ги облекуваат во скапа и брендирана облека со видни ознаки на брендот и така облечени ги фотографираат во пози што им прилегаат на возрасни жени, но не и на деца

Иако веќе подолг период луѓето се навикнати да гледаат како на социјалните мрежи инфлуенсерите ги диктираат модните трендови и за тоа заработуваат многу пари, сепак ставовите околу децата инфлуенсери се поделени. Додека за некои следбеници бебињата и малите деца што „диктираат“ модни трендови се симпатични, за други се „искористени“ од нивните модерни мајки, кои сакаат себепромоција преку децата.

Експанзија на социјалните мрежи

Веќе некое време Инстаграм покрај тоа што ни овозможува да следиме најразлични настани, вести, филмски и музички остварувања како и политика, оваа социјална мрежа стана „главна модна зона“.

Сепак, иако најмногу инфлуенсери се промовираат преку оваа социјална мрежа, во никој случај не се помалку актуелни ниту Фејсбук, Твитер, Снепчет…

Сите трендови директно од модните писти се селат на социјалните мрежи, и тоа ни помалку ни повеќе туку на профилите на најпознатите инфлуенсерки, кои имаат милиони следбеници. Во денешно време ова е една од најдобрите и најисплатливи реклами и тоа не само во модната индустрија.

Обид за дополнителна заработувачка

Токму поради тоа што ваквиот вид промоција станува сѐ поактуелен и прерасна во сериозен бизнис кога станува збор за модните трендови, во последно време сѐ повеќе е тренд да се „следат“ деца инфлуенсери – и тоа деца од две или три години, па дури и бебиња.

За таа цел мајките им отвораат јавни профили на своите деца на некоја од социјалните мрежи, а потоа ги облекуваат во скапа и брендирана облека со видни ознаки на брендот и така облечени ги фотографираат во пози што им прилегаат на возрасни жени, но не и на деца.

Целта на ваквото фотографирање е здобивање што е можно повеќе следбеници, што од друга страна би значело и поголема заработувачка.

Поделени мислења

Токму за ваквата појава која во последно време зазема сѐ поголеми размери, јавноста и следбениците на социјалните мрежи имаат сосема поделени мислења.

Па така, додека за едните е модерно, за поголемиот дел значи еден вид искористување на малите деца, особено на девојчињата, од страна на нивните мајки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот