Инфарктот може да се „маскира“ во грип: Како да ги препознаете симптомите

Profimedia
Фото: Профимедиа

Инфарктот може успешно да се лекува, а клучно е на време да се препознаат неговите симптоми, кои често се појавуваат со месеци пред да дојде до срцев удар.

Инфарктот порано ги погодуваше луѓето постари од 40 години, но денес се загрозени и оние над 20 години, предупредуваат кардиолозите.

Типичен симптом на срцевиот удар е болката во градите која се шири во левото рамо и грбот и вилицата. Но, атипичен симптом може да биде болката во стомакот поради кој пацинетите завршуваат на гастроскопија, а всушност, имале инфаркт. За жал, кај повеќе од 50 отсто од случаите, првиот симптом е токму инфарктот или ненадејната смрт, а некои луѓе не успеваат да стасаат ниту до болница. Тоа не би требало да се дозволи, затоа што, денес инфарктот, односно коронарната болест може успешно да се лекува. Затоа е исклучително важно навреме да се препознаат симптомите на високоризичните пациенти, а ЦТ коронарографијата е најсигурната неинванзивна дијагностичка метода со која може да се исклучи коронарната болест, напоменуваат кардиолозите.

Кај дури 95 отсто случаи, симптомите се појавиле и неколку месеци пред срцевиот удар, но поминале незабележително, бидејќи не била во прашање болката во градниот кош.

Еден од симптомите може да биде и кашлањето или отежнататото дишење кое не поминува поради насобраната течност во белите дробови.

Исто така, неколку недели пред срцевиот удар, повеќе од 70 отсто од испитаните пациети искусиле силен замор поради кој не можеле да станат од кревет. Околу 40 отсто жени пред инфарктот почувствувале тешкотии со дишењето и неможност за „фаќање“ здив. Освен тоа, може да се појави необјаснива нервоза, тескоба или несоница.

Еректилната дисфункција и болестите на срцето се често поврзани, но луѓето за тоа не се свесни. Две третини од мажите со срцеви болести имале тешкотии со ерекцијата и пред дијагнозата.

Мачнината и болката во желудникот се едни од најзанемарените знаци на срцев удар, од лесна ждригавица до силна мачнина и грчеви, а најчести се кај жените и луѓето постари од 60 години.

Испотената, студена кожа, како и чувството на слабост може да изгледа како почеток на грип, но понекогаш откриваат срцев удар. И чувството на тежина и притисок во градите, кои се типични за срцев удар, кај некои можат да делуваат како грип. Ако имате такви симптоми, особено ако не се проследени со висока температура, обратете се кај лекар. Знаци на предупредување можат да бидат и болните и отечени стапала.

Ако сте ги искусиле или ги имате спомнатите симптоми, најдобо е да се обратите кај лекар, за да ги избегнете сериозните здравствени последици.

Притисокот се мери 24 часа

Познато е дека високиот крвен притисок е еден од ризичните фактори за појава на срцеви болести и на мозочен удар.

Високиот крвен притисок може поквалитетно да се дијагностицира ако континуирано се мери во текот на 24 часа, за разлика од досегашната метода на еднократно одење кај лекар на проверка.

Кај таквите посети, крвениот притисок често се зголемува поради нервозата и стравот на пациентите, па наместо тоа, пацинетот се приклучува на автоматски мерач на притисокот кој го мери на секој половина час во текот на 24 часа. На тој начин, се добиваат поквалитетни резултати кои можат да му дадат на лекарот многу подобри податоци за одредување на лековите кои болниот треба да ги користи.

Се проценува дека околу една милијарда луѓе на светот страдаат од висок крвен притисок, кој е еден од клучните причини за развој на кардиоваскуларните болести.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот