Индија откри повеќе отровни сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот

Фото: Принтскрин Јутјуб

Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот.

Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат смртни случаи во Гамбија, Узбекистан и Камерун од средината на минатата година.

Х.Г. Кошија, комесар на Управата за храна и лекови во индиската држава Гуџарат, изјави денеска дека минатиот месец ја провериле фабриката Норис и наредиле да го прекине производството.

Индискиот федерален регулатор за лекови откри дека три пратки со сируп Колд аут (COLD OUT) произведен од индиските лаборатории Фуртс (Fourrts) исто така биле контаминирани со наведените хемикалии.

Светската здравствена организација (СЗО) во август објави дека пратка од тој сируп продадена во Ирак има неприфатливо ниво на тие хемикалии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот