Индија - Пакистан - Извор X

Индија најавува жесток одговор на секој иден напад од Пакистан

Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг изјави денес дека неговата земја ќе ја искористи борбената моќ на својата морнарица за да одговори на секоја идна агресија од страна на Пакистан, неколку недели откако заврши најжестокиот судир меѓу двете нуклеарни сили во последните децении.

„Доколку Пакистан се обиде да изврши каков било злобен или неморален чин, овој пат ќе се соочи со огнената моќ и гневот на индиската морнарица“, рече Синг додека беше на носачот на авиони ИНС Викрант во близина на брегот на западната индиска држава Гоа, објави Ројтерс.

Портпаролот на пакистанската армија, од друга страна, рече дека секој пат кога суверенитетот на Пакистан е загрозен и неговиот територијален интегритет е нарушен, ќе се соочи со решителен и сеопфатен одговор, според агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот