Инцидент во „Идризово“, затвореник ранил полицаец

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Вчера било пријавено напад од затвореник кон полицаец, кој бил исечен со остар предмет при претрес во соба од амбулантното одделение.

Од МВР го потврдија овој настан и додаваат:

„На 23.06.2021 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, командир во Казнено – поправната установа Идризово пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од еден затвореник. Според пријавеното, на 23.06.2021 командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една од соба во амбулантното оделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете. Според пријавата, притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, истакнаа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот