Имотот на семејството на вицепремиерот Груби под надзор на антикопрупционерите

Артан Груби / Фото: МИА

Државната комисија за спречување на корупцијата, пред неколку денови, отворила предмет за вицепремиерот Артан Груби откако во јавноста, во повеќе пригоди, беа изнесени наводи за несразмерното зголемување на неговиот и на имотот на членовите на неговото семејство.

– По предметот се постапува и штом ќе имаме конкретни информации, ќе ги споделиме со јавноста – велат од Комисијата.

Покрај информациите објавни во дел од медиумите, деновиве со конкретни обвинувања излезе и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Тој ги повика надлежните да проверат како семејството Груби се стекнало со имот по, според него, пет пати пониска цена од пазарната. Конкретно станува збор за деловен објект во Скопје, платен по само 700 евра за квадрат додека реалната цена му била над 3.000 евра.

– Граѓаните во Скопје, за 700 евра по метар квадратен, не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова – објасни Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот