Имате слабо WIFI дома? Еве што може да го попречува

Ако рутерот ви се наоѓа во близина на некоја од овие работи, не е ни чудо што сигналот на безжичниот интернет ви е лош.

Дебели ѕидови

Дебелите ѕидови можат да бидат проблем за безжичниот интернет. Затоа обидете се да го позиционирате рутерот на најдобрата позиција во станот. Рутерот не треба да биде во близина на бетонски ѕидови, камења, цигли, керамика и огледала.

Аквариум

Проблемот не е стаклото од кој е направен аквариумот, туку водата. Безжичниот сигнал има проблем да помине низ водата, па аквариумите можат да бидат непремостлива препрека бидејќи апсорбираат дел од сигналот.

Микробранова/телевизор

Кога просторот во станот е ограничен, веројатно рутерот ќе го ставите веднаш пред телевизорот или до микробрановата. Овие уреди можат да направат хаос со сигналот бидејќи работат на слична фреквенција. Други уреди кои можат да го попречуваат сигналот се фрижидерите, контролорите за конзоли и безжичните звучници.

Метални предмети и површини

Огледало со метална рамка многу лесно може да одбива и да проивлекува WiFi сигналот, што доведува до негово ослабнување или ограничување.

Енергетски ефикасни прозорци

Овие прозорци се одлични за намалување на потрошувачката на енергија и регулирање на климата во станот, но исто така можат да бидат и голем непријател на безжичниот интернет. Тоа е бидејќи овие прозорци имаат низок емисионен премаз, кој е всушност тенок слој на транспарентен метал. Затоа е добро рутерот да биде што подалеку од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот