Иман Хелиф го обезбеди првиот медал за Алжир на ОИ во Париз

фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Иман Хелиф, која се натпреварува на женскиот боксерски турнир во категоријата до 66 килограми, се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри и со тоа го обезбеди првиот медал за својата земја Алжир.

Според правилата на олимпискиот бокс, во секоја категорија се доделуваат по два бронзени медали, што значи дека на Хелиф и да загуби во полуфинале има загарантиран медал.

Иман Хелиф во полуфиналето ќе се бори против тајландската боксер Жанѓем Суванафенг. Хелиф во саботата попладне со одлука на судиите ја победи унгарската боксерка Ана Лука Хамори.

Хелиф се најде во центарот на вниманието по настапот во четвртфиналето, кога по 46 секунди борбата ја предаде Италијанката Анџела Карини. Во 2023 година Хелиф беше суспендирана од Светското првенство во Њу Делхи поради т.н. „полов тест“, чии резултати не се обелоденети.

Нејзиниот настап на Игрите во Париз предизвика поплава од спротивставени мислења во целата спортска јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот