Имала повеќе од 100 љубовници, а еден ден по породувањето сакала да се убие: Фаталната Брижит Бардо (ФОТО)

Фото: Profimedia

Кога 19-годишната Брижит Бардо во 1953 година се појавила на плажата во Кан за време на филмскиот фестивал, целиот свет застанал и ја гледал. Французинката била во минијатурно бикини со цветен дезен каков што дотогаш не се носел многу често. Со совршено тело, Брижит во истиот момент станала секс симбол.

Profimedia
Profimedia

Родена на 28 септември 1934 година во Париз, кариерата како манекенка ја започнала уште како тинејџерка. На 15 години позирала за насловната страница на списанието „Elle“.

Се вљубила во шест години постариот режисер Роже Вадим, но кога нејзините родители дознале за нивната врска ѝ се заканиле дека ќе ја пратат во Англија и ѝ забраниле да се гледа со него.

На 16 години првпат се обидела да се убие. Родителите ја пронашле во последниот момент и попуштиле. И забраниле единствено да се омажи со него пред да наполни 18 години. Се венчале во 1952 година, а во следните 4 години снимила 17 филмови. По филмот „И Бог ја создаде жената“ таа станала најбараната глумица во Европа. Брижит не можела да го носи товарот на славата и западнала во депресија.

„Постои француска изрека: Ако сакаш да бидеш среќен живеј скриено. Каде може да се скрие Брижит Бардо?“, е една од нејзините познати изреки.

Во 1957 се развела од Бадим, а наводно причина за тоа било нејзиното неверство.

„Подобро е да изневеруваш отколку да бидеш верен, а да не го сакаш тоа, рекла глумицата чиј прекар бил „секси маченце“.

Се мажела уште три пати, а во автобиографијата признала дека никогаш не сакала да биде мајка и ја нарекла бременоста „божја казна“. Сакала да абортира. Постојано се удирала по стомакот за да добие спонтан абортус.

Својот син го нарекла „канцероген тумор“ и напишала дека повеќе би сакала да роди куче.

Бившиот сопруг и синот ја тужеле поради тоа.

На денот кога го родила синот Николас повторно се обидела да се самоубие. Испила цело шишенце антидепресиви и си ги пресекла вените. Повторно ја спасиле, но тоа не бил последен пат како се обидела да се убие.

Profimedia
Profimedia

Се држела до своето правило секогаш да има барем двајца љубовници на располагање за да не биде осамена. Наводно имала стотина љубовници.

„Јас сум девојка од добро семејство која е многу добро воспитана. Еден ден му го свртев грбот на сето тоа и станав боем“, рекла глумицата која повеќепати повторувала дека не ѝ е грижа што мислат другите за неа, особено што се однесува на нејзиниот љубовен живот.

Profimedia

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот