Има само 17 години и откупна клаузула од 400 милиони евра во Барса! (ВИДЕО)

фото: fcbarcelona.com

Младиот суперталентиран Ансу Фати кој игра на крилната позиција и официјално е дел од првиот тим на Барселона.

Овој потег секако ја враќа надежта и на школата „Ла Масија“ од каде се очекува да излегуваат големи фудбалски надежи и бидат идните ѕвезди во клубот од „Камп Ноу“.

17-годишниот Фати кој веќе тренира и игра со најдобрите во составот на Барса, ќе го носи бројот 22 на својот дрес. Неговата откупна клаузула е зголемена од 170 на 400 милиони евра.

Инаку бројот 22 досега го носеше Артуро Видал кој две години ги бранеше боите на каталонскиот клуб, а во новата сезона ќе биде дел од милански Интер.

Од дебито на 25 август 2019 година досега запиша вкупно 33 натпревари, осум голови и една асистенција.

Најверојатно се очекува да дебитира како првотимец веќе в недела до 21.00 часот кога на „Камп Ноу“ гостува незгодниот Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот