Илон Маск го обвини елитното училиште во Лос Анџелес дека ѝ го „испрале мозокот“ на неговата ќерка транс комунистка

Фото: Profimedia

Илон Маск верува дека неговата трансродова ќерка „комунистка“, ги прекинала врските со нејзиниот татко милијардер затоа што ѝ бил испран мозокот. Ова според него се случувало во елитното училиште во Калифорнија, каде ја убедиле да „мисли дека секој богат човек е злобен“, пишува „Њујорк пост“.

Извршниот директор на Икс (Твитер), се огради од секаква одговорност за прекинување на односите меѓу него и 19-годишната Вивијан Џена Вилсон, а наместо тоа го обвини училиштето „Crossroads School for Arts & Sciences“ во Санта Моника дека ја заразиле со „вирусот на разбудениот ум“ (woke mind virus).

Ќерката на Илон е родена како машко по име Ксавиер Александар Маск, но сега го смени името во Вивијан Џена Вилсон.

Транзицијата на Вилсон беше дел од домино ефектот што доведе до тоа Маск да ја купи апликацијата за социјалните медиуми како дел од неговата мисија да го спречи „вирусот на разбудениот ум“ (woke mind virus), според извадокот од претстојната биографија „Илон Маск“ објавен во четвртокот во „Wall Street Journal“.

Маск му рекол на авторот Волтер Ајзаксон дека во април 2022 година неговата ќерка Вилсон „станала жесток марксист и ги прекинала сите односи со него.

Таа година, на Вилсон ѝ била одобрена петиција за промена на полот, како и нејзиното име, што се надевала дека ќе ја уништи секоја врска меѓу неа и нејзиниот биолошки татко.

„Таа го надмина социјализмот за да биде целосен комунист и да мисли дека секој богат е злобен“, изјавил Маск, чие богатство се проценува на 257,5 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот