Илјадници демонстранти ја тресеа Братислава бидејќи Фицо сака да ѝ забрани на дијаспората да гласа по пошта
Протестите вчера се дел од серија демонстрации против политиките на Фицо. Опозициските партии тврдат дека неговиот најнов план ги таргетира прозападните гласачи, додека, пак, владата тврди дека целта е да се „спречи изборна измама и манипулации“.
Илјадници демонстранти во главниот град на Словачка и други градови низ земјата во вторникот протестираа против контроверзниот план на популистичкиот премиер Роберт Фицо за укинување на гласањето по пошта за Словаците што живеат во странство, објави „Асошиејтед прес“.
Препорачано
Митингот пред парламентот во Братислава, главниот град на Словачка, започна со аплауз за изборниот исход во соседна Унгарија, каде што за време на викендот беше поразен популистичкиот лидер Виктор Орбан, што демонстрантите го претставија како отфрлање на авторитарното владеење и победа на проевропските политички опции.
Фицо е контроверзна фигура во земјата и во странство уште од неговото враќање на власт во 2023 година. Неговите проруски ставови и политики предизвикаа бројни протести. Критичарите тврдат дека неговиот авторитарен стил е инспириран од Орбан.
Протестите вчера се дел од серија демонстрации против политиките на Фицо. Опозициските партии тврдат дека неговиот најнов план ги таргетира прозападните гласачи, додека, пак, владата тврди дека целта е да се „спречи изборна измама и манипулации“.
Фицо одби да го разреши Лајчак и покрај притисокот од коалицискиот партнер
Лидерот на опозициската партија „Прогресивна Словачка“, Михал Шимечка, која заедно со уште три партии ги организираше протестите, пред толпата во Братислава изјави дека во прашање е демократијата, слично како во изборниот контекст во Унгарија.
Тој посочи дека со предложениот закон „десетици илјади Словаци во странство ќе бидат спречени да гласаат“, додека толпата скандираше „Срамота, срамота“.
– Јасно е дека тоа го прават затоа што се плашат. Се плашат од луѓето, се плашат од избори, се плашат од губење – рече Шимечка, обвинувајќи ги властите за предложениот закон, кој треба да се разгледува во тековната парламентарна сесија.
Според предлогот, единствена опција за гласање од странство за Словаците би било гласање во амбасадите.
На изборите во 2023 година, речиси 59.000 Словаци во странство гласале по пошта. Партијата на Фицо, Смер, добила само 6,1 отсто од тие гласови, додека опозициските партии освоиле над 80 отсто.
Следните избори во Словачка, земја со околу 5,5 милиони жители, се закажани за 2027 година.
Протести вчера се одржале и во Кошице и Банска Бистрица, како и во Брисел и во Прага.
Фицо ги спушти осигурувачите – Словачка го прекина снабдувањето на Украина со струја


