Илегален трговец од Косово нудел да ги „почести“ македонските полицајци на Блаце, сега е во притвор

Фото: Драган Митрески

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 56-годишник, утринава бил лишен од слобода на граничниот премин „Долно Блаце“, при излез од земјава кон Република Косово, кога им дал поткуп од 50 евра на полициските службеници кои вршеле проверка на неговото комбе. Парите ги ставил во неговата патна исправа, обидувајќи се да го убеди раководителот на смена на граничниот премин да го пропушти на излез без проверка на возилото. Трговската стока што ја пренесувал во комбето, по наредба на јавен обвинител е фотографирана и предадена на Царинската управа за натамошна постапка, соопшти обвинителството.

Оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што станува збор за странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот