Фото: Принтскрин

ИКЕА конечно доаѓа во Македонија?

Една од најочекуваните светски компании во Македонија, шведскиот производител на мебел „ИКЕА“, би можела конечно да отвори трговска мрежа во земјава, објави „МКД.мк“ повикувајќи се на неформални најави при отворањето на шведско-македонската стопанска комора неодамна.

Извршниот директор на оваа комора, Самуел Наумовски Викиус, во разговор со новинари во Скопјe потврдил дека преговорите за влез на „ИКЕА“ во Македонија се при крај, оценувајќи дека „има простор за нејзино работење во земјава“. Идејата, според извештаите, била поддржана и од шведскиот амбасадор во Македонија.

Во последните десетина години, неколкупати се најавуваше дека ИКЕА би можела да отвори продавници во земјава.

Компанијата не одговорила на прашањето на SeeNews околу наводните планови за скоро проширување на бизнисот во земјава.

Шведскиот бренд е една од најголемите и најпознатите меѓународни компании со голема малопродажна мрежа за мебел. Во регионот ИКЕА е присутна во Грција, Бугарија, Србија и Хрватска, а купувачите од Македонија досега најмногу ги користеа продавниците во Грција и во Србија.

Инвестицијата во Србија за стоковната куќа „Икеа – Белград Исток“ изнесуваше 70 милиони евра во продавница од 35.000 квадратни метри, а според извештаите, отворени се повеќе од 400 работни места. Во Хрватска во 2014 година вкупната инвестиција на овој шведски бренд изнесуваше околу 100 милиони евра, а таа првично вработи 350 вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот