„Игри без граници“: Трамп побара ново пребројување на гласовите во Џорџија

Фото: EPA-EFE/SHEALAH CRAIGHEAD / WHITE HOUSE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во обид за пресврт на резултатот од изборите во Џорџија, кампањата на претседателот Доналд Трамп побара ново пребројување на гласовите во таа американска сојузна држава. Тоа ќе биде трето броење на гласови во земјата, по првото, по изборите, и второто што беше направено рачно и по барање на кампањата на актуелниот претседател.

Од речиси пет милиони вкупно поднесени гласачки ливчиња во Џорџија, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден победи со тесна разлика од 12.670 гласови или 0,25 проценти од вкупниот број. Според државните изборни закони, кандидатот може да побара пребројување ако разликата во гласови е под границата од 0,5 проценти.

Додека претходниот пат илјадници вработени на гласачките места во Џорџија цели две недели пребројуваа гласачки ливчиња рачно (физички да се прегледа секое ливче), овој пат правниот тим на Трамп бара заверка на потписите, односно секое гласачко ливче да се помине преку скенер машина, како што беа броени првиот пат, а што одзема многу повеќе време.

Изборниот штаб и адвокатскиот тим на Трамп сè уште не го признаваат поразот и започнаа кампања од напади врз интегритетот на американските избори во државите каде претседателот загуби, вклучувајќи ја и Џорџија, каде изборните закони и процедури се надгледувани и спроведени од луѓе од неговата партија, републиканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот