Иџе на подиумот на легендарната Имола

фото: Фејсбук/Игор Стефановски Иџе

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои третото место на денешната трка од ТЦР Италија која се се возеше на легендарната патека Имола. Откако вчера немаше среќа на првата трка, Иџе денеска беше еден од најдобрите на патеката и успеа да обезбеди место на победничкиот подиум.

Првото место на денешната трка му припадна на Редуци, а втор беше неговиот сонародник Тавано, двајцата од Италија.
Стефановски беше единствениот автомобилист странец во Италија на овие две трки во Имола на кој учествуваа вкупно 22 возачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот