Идеја за брз и здрав ручек: Зелена салата со кулен
Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да направите денес за ручек, еве интересна идеја! Станува збор за многу брза салата со кулен или друг сличен чаден сувомесен производ. Оваа комбинација не сте ја пробале, во продолжение ги состојките што ќе ви бидат потребни.
- *100 г тенко исечен кулен (или друг сличен чаден сувомесен производ)
- ½ китка рукола
- ½ главица марула
- по избор неколку гранчиња свеж босилек, власец, магдонос
За преливот ќе ви биде потребно само:
Препорачано
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажица бел или вински оцет
- ½ лажичка дижон сенф
- ½ лажичка мед
Куленот кратко испржете го во сад без масло да стане крцкав и оставете го на кујнска хартија да се исуши остатокот од маснотија.
Марулата и руколата искинете ги на крупни парчиња. Измијте ги зачинските билки и оставете ги добро да се исушат, за да нема вода во салатата. Наредете ја салатата во голем длабок сад или на широк плиток сад, додајте ги зачинските билки.
Во тегла ставете ги состојките за преливот, зачинете со сол затворете со капак и убаво протресете го садот да се измешаат состојките. Над салатата наредете ги парчињата пржен кулен, полејте со преливот и послужете.
На здравје!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
48мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


