Ибраимоски го повикува Џафери да го свика Собранието

Самка Ибраимовски/ Фото: МИА

Според него, втората грешка е во тоа што вонредната состојба е прогласена без да се верификува од страна на собранието.

Пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски бара од претседателот на Собранието Талат Џафери да го свика Собранието.

– Сакам да укажам на направените грешки на претседателот на Собранието уште во почетокот. Имено, ние донесовме одлука за избори прво на 12 април и го распуштивме Собранието со намера да се оджат изборите на 12 април. Поради состојбата со епидемијата, ги одложија изборите на лидерска средба, без да одлучи Собранието дека се одлагаат изборите. Веднаш по ова одлагање, претседателот Џафери требаше да реагира и да каже дека во услови на епидемија може да се свика Собранието со што ќе се поништеше претходната одлука за избори и собранието ќе продолжеше со работа. Тоа е првата грешка – вели Ибраимоски.

Според него, втората грешка е во тоа што вонредната состојба е прогласена без да се верификува од страна на собранието.

– Tој самиот ја потпиша одлуката на претседателот. Според член 63, мандатот на пратениците во Собрание може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба. Не знам зошто не го свика Собранието да се врати. Ние сме пратеници се до конституирање на новиот состав на пратеници за што добиваме личен доход. И.сега имаме трета грешка кога самите пратеници бараат свикување на седница а привремениот Преседател на Собрание го одбива ова барање, наместо да ги исправи грешките. Новите избори ги закажува собранието и никој друг, додава Ибраимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот