Ибрахимовиќ повторно ќе игра за шведската репрезентација!?

epa08579623 Milan's Zlatan Ibrahimovic (C) shoots on goal during the Italian serie A soccer match AC Milan vs Cagliari Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска, пренесуваат шведските медиуми. Играчот на Милан би можел да настапи на квалификацискиот натпревар против Грузија на 25 март.

Се очекува да се најде на списокот на играчи на репрезентацијата на Шведска за квалификациите за Светското првенство, информира шведскиот портал „Фотболдирект“, повикувајќи се на свои извори.

Изворот вели дека Златан е поканет да игра на квалификацискиот натпревар против Грузија, кој е закажан за 25 март. Првите луѓе на шведскиот фудбал не сакаа да го потврдат враќањето на искусниот фудбалер и истакнаа дека конечниот список ќе биде познат на 18 март.

Ибра играше за репрезентацијата на Шведска од 2001 до 2016 година и досега настапи на 116 натпревари со постигнати 62 гола. Од минатата година тој игра за италијански Милан, каде реализираше 24  погодоци на 33 мечеви.

За кратко време, тој стана многу популарен во Италија, а во изминатиот период се појави и на музичкиот фестивал во Санремо, каде што отпеа популарна италијанска песна со Синиша Михајловиќ.

ВИДЕО | Михајловиќ: Пријателството со Златан започна кога ме удри со глава!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот