ВИДЕО | Михајловиќ: Пријателството со Златан започна кога ме удри со глава!

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ направија шоу во Санремо, а по настапот, Швеѓанецот направи интервју со српскиот тренер, кој откри неколку интересни детали за односот меѓу двајцата големи фудбалски стручњаци.

– Нашето пријателство започна кога Златан ме удри со глава – се пошегува Миха, инсинуирајќи го судирот што двајцата го имаа на натпреварот помеѓу Јувентус и Интер, по што Швеѓанецот заработи исклучување.

– За Златан е едноставно, не можете да му се заканувате. Треба да го испровоцирате, па да го извадите од такт. Тој беше толку лут што ме удри во главата и заработи црвен картон. Кога тој дојде во Интер, сакав да му вратам на услугата, така покажуваме пријателство – рече Михајловиќ.

Целиот разговор помина со шеговит тон, а Синиша не ја пропушти можноста да го „пецне“ Златан.

– Тој е љубоморен на нешто што го имам. Лига на шампиони. Тој играше, јас го освоив – на што одговорот дојде од другата страна.

– Сè уште имам време – по што и двајцата се смееја.

Ибрахимовиќ потоа стана сериозен и погледна наназад на деновите на болеста со леукемијата кои се зад храбриот Миха.

– Морав да почекам неколку дена, немав храброст да му се јавам. Кога го сторив тоа, не можев да кажам ништо. После тоа, успеав само да кажам дека сум таму за што било што треба, слободно да праша и побара – беа зборовите на Ибра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот