И сестрата на Бритни Спирс поминувала низ „вистински пекол“: Џејми Лин Спирс прозборе за односите со семејството

џејми лин спирс
Џејми Лин Спирс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Семејството Спирс се чини дека постојано е во центарот на вниманието на светската јавност. Откако на Џејми Спирс по 13 години му беше одземена улогата на законски старател на неговата ќерка Бритни, над чиј живот имаше апсолутна контрола, сега за своето семејство проговори и сестрата на Бритни, Џејми Лин Спирс.

Џејми Лин откри дека доживеала „вистински пекол“ откако забременила на само 16 години. Главната причина за тоа било нејзиното семејство кое ја принудувало на абортус и се обидувало да го сокрие целиот случај од очите на јавноста, тврди таа во својата книга „Things I Should Have Said“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

„Моите најблиски дојдоа во мојата соба и се обидоа да ме убедат дека породувањето на моја возраст би било страшна грешка… „Тоа ќе ти ја уништи кариерата. Премногу си млада. Не знаеш што правиш. Постојат апчиња што можеш да ги земеш и да го решиш овој проблем, ние ќе ти помогнеме. Знаеме лекар“, ми велеа. Сите околу мене само сакаа овој проблем да исчезне“, раскажа таа во својата јавна исповед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

Џејми откри и дека нејзиното семејство ѝ го одзело мобилниот телефон за да не контактира со никого и никој да не дознае дека е бремена. Таа тврди дека ѝ било забрането да ѝ разговара и со нејзината постара сестра Бритни.

„Ми требаше повеќе од кога било, а таа не можеше да ми помогне кога ми беше најпотребна… Тоа што не ми беше дозволено да ѝ кажам на сестра ми што ми се случува, ме боли и денес“, признава Џејми Лин.

Во својата книга наведува и дека нејзиниот татко бил особено вознемирен поради бебето и дека тој ја принудувал да го даде своето бебе на посвојување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lynn Spears (@jamielynnspears)

Сепак, нејзиниот тим на соработници ексклузивно ја продаде приказната на магазинот „OК!“ и им ги даде првите фотографии од бебето. Нејзината мајка била многу разочарана откако се случило ова и двајцата се криеле од очите на јавноста во една колиба во Конектикат додека не се смират работите.

ФОТО: Сестрата на Бритни Спирс и нејзините деца добиваат смртни закани по сведочењето

Џејми Лин беше жестоко критикувана поради неодамнешната судска драма на нејзината сестра, а обожавателите на познатата пејачка ја нападнаа дека работи против нејзината сестра. Тие тврдат дека дополнително ѝ го загорчувала животот за време на старателството што нивниот татко го имаше над Бритни Спирс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот