И самиот се изненади, неверојатен потег на украински фудбалер! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/youtube/marca

Голем број на спортисти се наоѓаат во карантин кој го поминуваат на најразлични начини, а меѓу нив и играчот на унгарскиот клуб, Игор Харатин.

Многу спортски, фудбалски натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот се одложени, прекинати.

Голем број на спортисти се наоѓаат во карантин кој го поминуваат на најразлични начини, дел од нив со објавување на интересни видео записи.

Досега најпопуларен предизвик беше жонглирањето со тоалетната хартија, а еве како своето време дома го поминува фудбалерот на унгарскиот клуб Ференцварош, Игор Харатин.

И самиот беше изненаден, удирајќи со десната нога успеа да го смести топчето за пинг понг во една чаша.

Харатин е 25-годишен играч од средниот ред, настапи во сите младински репрезентативни категории во Украина, но досега нема ниту еден повик во сениорскиот дрес.

Тој воедно е поранешен член на Динамо Киев, а пред да го направи својот прв трансфер во странство, во својата земја беше дел уште од Металист Харкив и Зорја Луханск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот