И покрај војната, украинскиот тим ќе учествува на Зимската параолимпијада во Пекинг
И покрај тоа што во Украина беснее војна, репрезентацијата на оваа земја ќе учествува на Параолимписките игри Пекинг 2022.
Украина успеа да испрати целосен тим од 20 спортисти и девет водичи во Кина за Игрите во Пекинг кои започнуваат в петок и покрај тековниот конфликт. Имаше стравувања дека Украина нема да може да испрати делегација на Параолимпијадата откако беше нападната од Русија.
Препорачано
Меѓународниот параолимписки комитет (ИПК) очекува дека тие ќе можат да се натпреваруваат како што беше првично планирано.
– Украинците доаѓаат на Игрите, се обидуваат да стигнат овде. Не откриваме никакви информации каде се наоѓаат, но тие се на пат – рече претседателот на ИПК, Ендрју Парсонс, како што пренесува Еј Би Си.
Тимот заминал од повеќе дестинации пред да се обедини на аеродром. Украинските спортисти ќе се натпреваруваат во бијатлон и скијање крос-кантри на Пекинг 2022. Парсонс претходно го опиша транспортот на украинските спортисти во Пекинг како „мамут предизвик“ поради воениот конфликт. Параолимпијадата во Пекинг 2022 година треба да трае од петок до 13 март.


