И по Жабарот, „Кај Жабар“ на највкусни ќебапчиња и плескавица „А-ла Жабар“

Слободен печат

Легендарната кафеана „Кај Жабар“ е доказ дека само храната подготвена со мерак секогаш носи муштерии, и тоа онакви кои со задоволство повторно се враќаат, токму тука, во зголемен број крај трпезата. Да не ви објаснуваме многу, најнакусо, „Кај Жабар“ е од оние кафеани кои секогаш им „удираат шамар“ на младите генерации кои се обидуваат да направат суперактуелни фенси ресторани, кои кратко траат, поради тоа што немаат ни грам талент во угостителството. А не го познаваат ни духот на Скопје.

Муабетиме со госпоѓа Вера Саздова, махер во кујната во кафеаната „Кај Жабар“. Таа и синовите ги презеле конците в раце, откако Жабарот замина „на оној свет“. Ја реновирале кафеаната, ама ја задржиле традицијата. И приказната продолжува, со целиот скопски дух. Ако сакате да го запознаете градот, прво навратете тука.

Тетка Вера искрено нѝ вели дека таа не е како сопругот, како Жабарот, за да анимира „публика“, зашто знаете веќе, Жабарот беше разговорлив тип, скопска фаца и „најблизок извор на сите влади“, а таа е потивка и си ја гледа работата која знае да ја работи најдобро во свет – да подготвува вкусна храна од месо. Тетка Вера е чист пример дека зад секој успешен маж стои успешна жена.

Додека муабетевме, дегустравме ќебапи кои, освен најквалитетна комбинација на месо, имаат и тајни состојки. Зачините. А, за плескавицата „А-ла Жабар“, ќе ве оставиме лиги да ви потечат сè додека не ја пробате…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот