И Мицкоски како Вучиќ, почна да се слика со глумци
Српскиот актер Милош Биковиќ изразил желба да инвестира во Берово, од каде потекнува – според премиерот Мицкоски, тој сака да гради хотелски комплекс во градот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека се сретнал со српскиот актер Милош Биковиќ, кој има потекло од Берово и изразил желба да инвестира во родниот крај.
Препорачано
„На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
Според информациите достапни на интернет, дедото на Биковиќ е родум од Берово. Српскиот актер е многу активен во Русија во изминатата деценија и таму има снимено повеќе филмови, а во 2021 година тој доби и руско државјанство.
Средбата на Мицкоски со актерот, кој гради кариера во Русија, доаѓа откако српскиот претседател Александар Вучиќ во изминатите неколку недели ги пречека холивудските актери Џеки Чен и Стивен Сигал, а фотографиите и снимките од средбите ги објави на социјалните мрежи.
ВИДЕО | Стивен Сигал присуствуваше на парадата во Москва: Актерот е долгогодишен поддржувач на Путин


