И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот