Хуманитарен концерт во Струга за жртвите во земјотресот во Албанија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Учениците и професороте од струшките ПСУ-Јахја Кемал и ПОУ Јахја Кемал – Џуниор денеска во Домот на култура „Браќа Миладиновци” во Струга организираат хуманитарен концерт за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија.

Како што информираат организаторите, цената на билетот ќе биде произволна за секој посетител, а собраните средства ќе бидат подарени на најпогодените семејства.

Училиштето исто така, спороведува акција за собирање храна, средства за хигиена и други производи кои ќе бидат донирани во Албанија. в

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот