Наскоро бесплатен интернет на Западен Балкан, најави Вархеји од состанокот со лидерите од регионот во Тирана

фото: Влада, Состанок на лидерите за Западен Балкан во Тирана

Лидерите на шесте земји од Западен Балкан денеска се договорија да ги намалат трошоците за финансиските трансакции низ регионот до крајот на годината, како прв чекор кон пристапување кон единствениот пазар на Европската Унија, објави Ројтерс.

Лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Србија – се состанаа денеска во Тирана за да разговараат за реформите потребни за пристап до финансирањето од 6 милијарди евра според Планот за раст на регион претставен минатиот октомври.

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји рече дека времето за чекање за влез во Европската Унија (ЕУ) поминало.

„Потребно е учество на регионалниот пазар, каде државите би можеле да се натпреваруваат. Потоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена за прием на нови членки. Ако сакате да бидете третирани како дел од ЕУ, тогаш мора да ги третирате и државите од регионот како такви“ рече Вархеји.

Тој најави дека земјите во регионот наскоро се очекува да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

Според Вархеји Планот за раст за Западен Балкан е амбициозен и земјите од регионот може да го искористат за да ги зголемат своите економии во следните 10 години.

„Имаме доверба во Западен Балкан дека може да ги искористи овие придобивки. Сметаме дека овој план може да придонесе за удвојување на економијата на Западен Балкан во следните 10 години, што значи намалување на развојниот јаз со просекот на ЕУ“ рече Вархеји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот