Вања се’ уште ја нема, се проверуваат камери, полицијата ќе ја бара и во текот на ноќта

фото: Фејсбук, исчезна четиринаесетгодишната Вања од Скопје

Повеќе од четиринаесет часа нема ни трага ни глас од младата Вања, која цел ден ја бара полицијата семејството Ѓорчевски, но и загрижени граѓани. Мајката на девојчето преку социјалните мрежи алармираше дека Вања е исчезната и јавно побара помош. Проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со Вања. Од МВР вечерва информираат дека се превземаат интензивни мерки за пронаоѓање на четиринаесетгодишното девојче и апелираат да не се шират дезинформации за случајот.

„ Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, соопштија вечерва од МВР.

Огромен број на граѓани на социјалните мрежи го споделуваат вознемирувачкиот апел за помош од мајката на Вања. Дел од нив, со часови го бараат девојчето низ скопските улици.

Изутрината на патот кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Дебар Маало во Скопје исчезнала тинејџерката Вања Ѓорчевска. Случајот на социјалните мрежи го сподели нејзината мајка.

„ Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, сподели мајката Зорица Ѓорчевска.

Од МВР велат дека истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот