Хрватското МВР со сомнеж за пишувањето на Гардијан за насилство врз мигрантите

По веста на британски Гардијан, кој повикувајќи се на Данскиот совет за бегалци (ДРК) објави дека хрватската полиција тепала, ограбувала и сексуално злоставувала мигранти, се огласи Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

„По изнесувањето на овие обвинувања Министерството за внатрешни работи веднаш покрена соодветни проверки на наводите затоа што нашиот интерес и цел е, од една страна, го отстраниме секој сомнеж за хрватските полицајци и од друга страна, да ги санкционираме и отстраниме неправилностите, докололку има такви“, објави хрватското Министерство за внатрешни работи.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Хрватската полиција обвинета за „ужасни“ напади врз мигранти на Балканската рута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот