Хрватска и донираше 30.000 дози вакцини на БиХ за имунизација на приоритетните групи

Вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Хрватската влада донираше 30.000 дози вакцини за коронавирус на БиХ за имунизација на приоритетните групи, од кои половина ќе бидат испратени во Универзитетската болница во Мостар, а другата половина ќе се дистрибуира до останатото население, објави Министерството за цивилни работи на БиХ.

Министерот за граѓански работи во Советот на министри, Анкица Гудеjeвиќ, во Загреб изјави дека е запознаена со фактот колку е тешко на почетокот да се добијат потребните дози на вакцини кога вирусот корона „пустоши“ целиот свет.

„Хрватска исто така почувствува колку е тешко да се добијат вакцини, а ние во БиХ тоа го чувствувавме уште посилно. Затоа, соочени со можноста дека нема да можеме да ги добиеме потребните дози сами, минатата година потпишавме договор со Глобалниот сојуз за вакцинација (ГАВИ) и се приклучивме на механизмот Ковакс, кој тогаш ветуваше еднаков пристап до вакцините до сите земји, без разлика колку се моќни или богати“, посочи Гудеjeевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот