Хрватска ги повлекува сладоледите „Милка“ од продажба поради присуство на етилен оксид

Фото: Архива на „Слободен печат“

Хрватското Министерство за земјоделство ги информираше потрошувачите дека неколку од производите на „Милка“ се повлекуваат од пазарот, бидејќи во додатокот што се користи во производство на сладолед е пронајден етилен оксид

Производите, според хрватското министерство , не се во согласност со европските одредби за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна од животинско и растително потекло, пренесува хрватскиот портал Индекс.

„Поради етилен оксид во додатокот што се користи во производството на сладолед, неколку видови сладоледи „Милка“ од одредени серии се повлекуваат од продажба“, објави хрватското Министерство за земјоделство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот