Хотелот не смее да е под 4 ѕвездички: Вработените во Владата ќе одат на „тим билдинг“ во Охрид, Берово и Струмица за 80 илјади евра
Вкупно 80 илјади евра планира да потроши Генералниот секретаријат на Владата за да ги носи своите административци на тридневни тим-билдинзи во Охрид, Берово и Струмица, објави СДК. Тим-билдингот, според описот во повикот, е наменет за вработените во канцелариско работење, односи со јавноста и друго. За јакнење на тимскиот дух планирани се седум групи административци од владиниот генерален секретаријат, секоја со по 15–25 слушатели. На сајтот на Бирото за јавни набавки во објавениот оглас се бараат хотели со најмалку 4 ѕвездички, два полни пансиона за вработените и високотуристички автобуси за превоз од „Илинденска“ до хотелите. Собите ќе бидат еднокреветни. Проценетата вредност на јавната набавка е 5 милиони денари.
Препорачано
Крајниот рок за пријавување на заинтересираните хотелиери и автобуски превозници е 4 март. Како критериум за избор на понудувачите е наведена најниската цена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


