Хонг Конг подарува 500 илјади авионски билети во обид да го зајакне туризмот

Хонг Конг/ Фото EPA-EFE/JEROME FAVRE

Хонг Конг вели дека ќе подари 500.000 авионски билети, во вредност од 254,8 милиони американски долари во обид да ја зајакне својата туристичка индустрија погодена од ковид-пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

Градот укина неколку од своите ковид-правила во последниве недели.

Сепак, големите авиокомпании се борат да го вратат распоредот на летовите на нивоата пред пандемијата.

Во средата, британската авиокомпанија Вирџин Атлантик соопшти дека ќе престане да работи во Хонг Конг поради прашања поврзани со војната во Украина.

„Аеродромската управа ќе го финализира аранжманот со авиокомпаниите. Откако владата ќе објави дека ќе ги отстрани сите ограничувања за ковид-19 за патниците, ќе ги спроведеме рекламните кампањи за бесплатните авионски билети“, рече Дејн Ченг, извршен директор на туристичкиот одбор на Хонг Конг.

Ченг додаде дека бесплатните билети, кои се купени за поддршка на авиокомпаниите во Хонг Конг за време на пандемијата, ќе бидат дистрибуирани следната година до патниците од страна на градските аеродромски власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот