Холивудската актерка се предомисли: Го сака назад Бред Пит?

Иако документите за развод на бракот ги предадоа во септември 2016 година, според пишувањето на магазинот „The Sun“, Анџелина Џоли сака повторно да го освои срцето на својот сопруг.

Порталот наведува дека тоа е една од причините што убавата актерка толку го одолговлекува дефинитивниот развод на бракот. Анџелина, имено, на Бред јасно му дала до знаење дека сака да се смири со него, наведува магазинот.

Анџелина Џоли би сакала повторно да станат семејство, но Бред за тоа не сака ни да слушне и единствено му се важни неговите шест деца.

“Бред само сака се да се реши. Сето тоа можеше да биде готово и пред една година, но Анџелина го одолговлекуваше процесот”, рекол изворот.

Минатата година Анџелина признала дека нејзиниот однос со Бред станал лош и тврдела дека се прилагодува на животот на слободна жена.

Актерката, потсетуваме, поднесе барање за развод пред две години. Неколку седмици откако признале дека се разделуваат, Бред бил под истрага на ФБИ поради обвинение дека физички го злоставувал својот син Медокс. Подоцна тие обвиненија беа отфрлени.

Анџелина Џоли и Бред Пит имаат три биолошки деца – Шајло, Нокс и Вивијан, и три посвоени деца – Медокс, Пакс и Захара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот