Холандскиот министер за надворешни за кинењето на куранот: Слободата на изразување е важна вредност

Фото: Твитер

Слободата на изразување е важна вредност и се однесува и за непријатни мислења. Ова денеска го изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра, коментирајќи ги постапките на активистот кој го искина Куранот пред зградата на националниот парламент, објави холандската радиодифузна корпорација.

Министерот нагласи дека ја разбира провокативната и навредливата страна на ваквите постапки. Сепак, според него, слободата на изразување е важна вредност. – Таа слобода важи и за несоодветните мислења, рече Хукстра.

На 22 јануари, лидерот на антиисламското движење „Пегида” Едвин Вагенсвелд организираше митинг пред парламентот, каде што го искина Куранот. Тој ја опиша својата постапка како слобода на изразување што треба да се дозволи во земјата.

Акцијата помина во голема мера незабележана во Холандија, но веста за чинот брзо се прошири на социјалните мрежи во Турција.

Амбасадорот на Холандија во Турција денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи во Анкара, каде што му беше изразен протест во врска со кинењето на копијата на Куранот на протестот во Хаг.

Турција го одложи трилатералниот состанок со Шведска и Финска, закажан за февруари, по протестите што викендот се одржаа во Стокхолм, во кои беше запален Куранот, што предизвика осуда од Анкара, објави денеска државната телевизија ТРТ.

Ердоган вчера рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за пристапување во НАТО по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм каде беа запалени примероци светата книга на исламот.

Минатата година Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор, по почетокот на руската инвазија на Украина, но за тоа им е потребна поддршка од сите членки, вклучително и Турција.

Ердоган со нов апел до Шведска и Финска: Предајте ги терористите ако сакате да влезете во НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот