Холандскиот амбасадор остро кон Али Ахмети: Владеењето на правото тоне, притисоците врз Врховен суд не ги толерираме

Амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп упати жестока порака на средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Амбасадата на Холандија на Фејсбук информираше дека на средбата Јан Коп му пренел порака на Ахмети – дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена.

Исто така, непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија, го предупреди холандскиот амбасадор Ахмети.

Инаку, претседателката на Врховниот суд Беса Адеми се пожали дека има политички притисоци врз Врховниот суд за да се овозможи враќање на Никола Груевски од Будимпешта.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот