Хоџа: Владата не го коментира објавувањето на бомбите од страна на „Ел Чека”
Владата останува на ставот на МВР што го изнесе пред неколку дена во врска со објавувањето на последните „бомби”, изјави денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.
Препорачано
Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со објавување прислушувани разговори на фејсбук истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите” и оти за тој случај надлежните институции, во случајот МВР, за тоа веќе ја информирала јавноста.
-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа.
Минатата недела МВР соопшти дека лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


