ХИТ фотографија: Како е да се биде мајка, а да се работи од дома? (ФОТО)

Поради коронавирусот луѓето ширум светот се адаптираат на новиот животен стил, односно да седат дома, и доколку е возможно, да работат само од дома. 

Една од првите мерки кои државите ги воведоа против ширењето на заразата беше затворањето на градинките, училиштита и универзитетите, бидејќи и (нај)младите се преносители на Ковид-19. Освен учениците и студентите кои сега треба да се навикнат на учење од далечина односно онлајн, пред компјутер, така и многу просветни работници ги претвараат своите дневни или спални соби во училници.

Голем дел од просветните работници можеби и никогаш не се појавиле пред камера, а сега се соочуваат со еден сосема нов процес на едуцирање и оценување пред камера, па поради тоа учениците и студентите знаат да се шегуваат на сметка на своите анксиозни наставници и професори.

Така, едно девојче од Србија се сочувствувало со новите обврски и стрес на својата мајка која одржува настава од дома, па на вратата од просторијата каде го одржувала часот, залепила лист на кој пишува: „Мама држи настава (од) 9 до 12 часот, НЕ ВЛЕГУВАЈ!“, а го надополнила со одоговри на „најчесто поставуваните прашања“, како „Не знам што ќе вечераме“ , „Во твојата соба“, „Не знам“, „Не“, „За перење е“, и „Во 12 часот!“.

Фотографијата ги стопли срцата ширум Србија:

Инаку, трендот на „спасувањето“ мајки кои работат од дома е првично забележан на „друга врата“ во Австралија, а пораката на листот гласи исто како и на девојчето од Србија, од каде и најверојатно се инспирирало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот