Хисени: Провмровското позиционирање, скапо ќе ги чини албанските партии

Блерим Хисени, аналитичар, Фото: Архива

Секој погрешен став во врска со најавената блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, скапо ќе ги чини партите на Албанците, смета политичкиот аналитичар Блерим Хисени.

– Политичкиот моментум не е погоден за вакво дејствување заради регионалните и геостратешките случувања. Преговорите со соседна Бугарија и големиот влог на ЕУ во овој процес ќе останат во сенка на најавената блокада и ова мислам е доволен аргумент дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се постигне договор со Бугарија и евентулано да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Ова е доволна причина за позиционирање на партиите на Албанците кон предологот на Мицкоски за блокадата на Законодавниот дом. Секој погрешен став или позиционитрање, скапо ќе ги чини, изјави Хисени за „Слободен печат“.

Опзициските партии на Албанците ако одат по стапките на Мицкоски, несомнено дека ќе одат против себе, но, додава Хиени, со мала интервенција од меѓународниот фактор и тие ќе се позиционират против ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на работата на Собранието.

– Се работи за скриени цели во една отворена игра. Останува да се види кој ќе потпадне на игрите на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Хисени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот