Хезболах ја поздрави „историската победа” за Палестинците

фото EPA-EFE/NABIL MOUNZER

„Хезболах му честита на херојскиот палестински народ и на неговиот храбар отпор за остварената историска победа … против ционистичкиот непријател”, се вели во соопштението на шиитската воена група.

Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, ja поздрави „историскaта победа” за Палестинците по примирјето што стапи на сила денеска меѓу Израелците и екстремистите од Газа по 11-дневни борби.

„Хезболах му честита на херојскиот палестински народ и на неговиот храбар отпор за остварената историска победа … против ционистичкиот непријател”, се вели во соопштението на шиитската воена група.

Хезболах, кој водеше своја разорна војна со Израел во 2006 година, но остана моќна сила во либанската политика, има блиски врски со исламистичките владетели на Газа од Хамас.

Прекинот на огнот, со посредство на Египет, стапи на сила во 2 часот по полноќ, со што се стави крај на најсериозните борби во последните неколку години.

Во израелските напади врз Газа се убиени 232 Палестинци, од кои 65 деца, како и екстремисти, соопштија здравствените власти во енклавата. Ракетите истрелани од екстремистите во Газа однесоа 12 животи во Израел, вклучувајќи две деца и еден израелски војник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот