Хасипи: Следната недела започнува дистрибуција на свидителствата до сите училишта

Зекирија Хасипи

Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуирање на свидителствата до сите училишта во државата, изјави денеска директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

– Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидителствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето натамошно образование. Дистрибуцијата на свидителствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава, вели Хасипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот