Харадинај: Изборите на северот на Косово опасна авантура

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, ја оценува како избрзана и опасна, одлуката на претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти да се одржат избори на северот на Косово.

-Одржувањето избори во оваа ситуација во која се наоѓаме е опасен и страшен преседан. Во овој момент никој нема право да врши притисок врз српските граѓани – рече тој за албанската АБЦ њуз.

Додаде дека партијата што ја предводи, Алијанса за иднината на Косово, нема да учествува на овие избори.

Во врска со француско-германскиот проект вели дека од она што го видел и што е познато „овој документ е за меѓусебно признавање на двете земји Косово и Србија”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот