Хаос во кафеана во Бијелина: Пијан поштар ја отворил торбата и на гостите почнал да им дели пари за пензии

Фото: Pexels/ Karolina Grabowska

Поштарот Никола Б. бил уапсен во Бијелина откако влегол во кафеана, се напил и пијан почнал да им ги дели парите од пензиите на присутните, кои што гледале да зграбат што повеќе, пишува Информер.

Како што пишуваат медиумите од Република Српска, поштарот во еден момент бил толку пијан што ја отворил торбата во која биле неподелените пензии и почнал да им ги дели парите на присутните.

Во еден момент дошло до пресметка меѓу гостите и тепачка, по што во кафеаната влегла полицијата која го привела поштарот во станица. Поради овој инцидент на информативен разговор е повикан и директорот на Пошта на Република Српска, од единицата во Бијелина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот