Хамилтон внесува немир во Ред бул: Тимот воопшто не му помага на Перез

EPA-EFE/STR

Британецот во пресрет на трката од Формула 1 во Мексико го критикува тимот на Ред бул дека го понижува својот возач, Мексиканецот Серхио Перез

Во пресрет на трката за Големата награда на Мексико што следува претстојниот викенд, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон како да се обидува да предизвика немир во тимот на Ред бул со неговата изјава за Серхио Перез, вториот возач во шампионскиот тим.

Познато е дека влијателниот советник во Ред бул Хелмут Марко неодамна даде расистичка изјава оти Перез не може да се фокусира како неговиот тимски колега Макс Верстапен затоа што е од Јужна Америка, па тоа му се одразува на резултатите.

Претходно Марко даваше и други навредливи изјави за Перез, на пример дека претерал со текилата или дека е премногу опуштен…

Мексико е домашна трка на на Мексиканецот Перез, а Хамилтон го „пецка“ тимот на Ред бул со своите изјави.

– Мислам дека неговиот тим воопшто не му помага. Да слушам такви негативни работи за себе секој викенд, би ми било многу тешко. Тоа е нешто многу тешко што паѓа врз тебе. Не сум доживеал нешто слично како она низ што минува Перез, но како возач ги разбирам психолошките притисоци – вели Хамилтон.

Британецот вели дека верува оти Перез ќе се покаже во Мексико по неколкуте слаби резултати што ги имаше во последните неколку трки.

– Сигурен сум дека во Мексико тој ќе се покаже овој викенд. Кога бев во Силверстоун бев многу мотивиран и сигурно ќе биде нешто што ќе му се случи – вели Хамилтон.

Инаку, Хамилтон и Перез се конкуренти за освојување на второто место кај возачите. На четири трки до крајот, Перез е втор со 240 поени, односно 39 повеќе од третопласираниот Хамилтон. Верстапен веќе ја обезбеди титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот