Хамилтон најдобар во квалификациите на „Каталуња“

фото: твитер

Британецот во борбата за пол позиција (негова 92 во кариерата) го победи тимскиот колега Валтери Ботас…Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес ќе стартува како првопласиран на неделната трка за Големата награда на Шпанија.

Актуелниот светски шампион во Формула 1 денеска на шестата трка од годинешниот шампионат ја запиша четвртата најдобра стартна позиција оваа сезона со најдобро време од 01:15.584 мин.

На третото место се најде Макс Ферстапен од Ред Бул, а четврти е возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перес кој се врати во шампионатот после две трки отсуство, откако беше позитивен на коронавирус.

Петтата позиција ја освои тимскиот колега на Перес, Ленс Строл. Шесто време имаше вториот возач на Ред Бул, Александер Албон, следен од дуото на Мекларен, Карлос Саинс јуниор и Ландо Норис.

На дури деветтото место се најде пилотот на Ферари, Шарл Леклер, а првата „десетка“ ја комплетираше Пјер Гасли од Алфа Таури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот