Хаџимишев: Комерцијална банка нѝ ги продава акциите во „ТЕ-ТО“, не можевме да го вратиме кредитот поради низа повреди за кои се тужиме

Димитар Хаџимишев. претставник на мали акционери во Топлификација / Утрински брифинг

Утре и задутре по барање на Комерцијална банка на Берза треба да се продадат акциите на Тоолификација што ги има во ТЕ-ТО. Според објавата, на првата аукција, закажана за во среда, ќе бидат понудени 25 обични акции, што претставува 10 проценти од основната главнина на ТЕ-ТО, чија почетна продажна цена е од 39.871.715 денари по акција преку моделот „сѐ или ништо“, што значи за сите акции пакетот е околу 16,2 милиони евра. Истите правила важат и за наддавањето во четврток, со таа разлика што се работи за две обични акции, или за 0,80 од основната главнина на друштвото.

Димитар Хаџимишев , долгогодишниот прв човек на „Топлификација“ која сега е во стечај за „Слободен печат“ изјави дека станува збор за кредит што Топлификација го земала за да улествува во изградбата на ТЕ-ТО, но која не успеале да го вратат поради, како што вели, милионски штети што им биле направени за што се водат судски процеси.

– Нормално беше при градбата да се користат кредити, покриени со гаранции. Сегашната продажба се однесува на еден дел од кредитите- вели Хаџимишев.

Уделот на Топлификација во ТЕ-ТО е 10,9 што значи дека Комерцијална банка го продава безмалку целиот нивен удел.

– Нашиот удел во ТЕ-ТО е 17 милиони евра, а долгот кон Комерцијална банка за која таа ги продава акциите е околу 7 милиони евра со прсметани нормални камати. Од оваа извршување, половината од износот од Комерцијална банка би требала да го земе Комерцијална банака, а и на нас треба да ни останат доста пари. Ние имаме планови во што понатаму ќе ги вложиме – вели Хаџимишев.

Тој вели дека во наредниот период Топлификација ќе ги продолжи судските процеси кои се бројат во милиони евра, а како еден од најголемите го споменува процесот против членови на Регулаторната комисија за енергетика за одлука во 2009 година која според Хаџимишев е „дело од 17 милиони евра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот