Гвардиола: „Со 75 или 76 години ќе го напуштам Сити“
Каталонецот воопшто не размислува за заминување од Манчестер.
Препорачано
Во последно време повторно гласно се зборува за можното заминување на Пеп Гвардиола од Манчестер сити. Прославениот менаџер е на клупата на „граѓаните“ од 2016 година и досега со Сити освои шест титули во англиската Премиер лига, Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство.
Медиумите во Англија како потенцијален наследник на Гвардиола го посочуваат актуелниот менаџер на Челси, Енцо Мареска, но 54-годишниот тренер нема намера да го напушти „Етихад“ во блиска иднина.
„Во последните три или четири години, секојпат во одреден период ме прашувате за мојата иднина. Така што, порано или подоцна, со 75 или 76 години ќе го напуштам Манчестер сити. Ми остануваат уште 18 месеци од договорот. Многу сум воодушевен, среќен и возбуден од развојот на тимот“, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција пред натпреварот од Премиер лигата против Вест Хем, кој е закажан за сабота.
Манчестер сити во моментов се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Арсенал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
38мин
-
54мин
-
57мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


