фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Гвардиола откри кој се вратил здебелен по Божиќ

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека по краткиот божиќен одмор единствено тој се вратил со вишок килограми, додека фудбалерите покажале врвен професионализам.

Гвардиола минатата недела најави дека играчите ќе бидат мерени по враќањето на тренинзи и дека оние кои ќе се „опуштат“ нема да настапат против Нотингем Форест. Сепак, во пресрет на натпреварот призна дека само тој ја „паднал“ проверката.

„Качив 4-5 килограми, јадев и пиев малку повеќе, но фудбалерите беа страшно дисциплинирани и заслужуваат честитки“, изјави Гвардиола.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот