Гваидо обвинет дека е предводник на мафија и креатор на корупциска шема

Фото: EPA/Miguel Gutierrez

Главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Саб, посочи дека лидерот на опозицијата Хуан Гваидо е творец на наводна јавна шема на корупција.

Саб вели дека случајот кој моментално се истражува е доказ за тоа дека Гваидо предводи корупциска мафија.

Тужителот додаде дека неговата канцеларија ги истражува двајцата дипломатски претставници на Гваидо, обвинети дека злоупотребувале јавни средства.

Тие двајца се обвинети дека им помагале на безбедносните сили на Венецуела под водство на Гваидо и наводно украле пари и фалсификувале хотелски сметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот